/ Прочитано:

1.739

Ќе се менува Законот за служба во Армијата според барањата на НАТО

Владата го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, и донесе одлука да биде доставен до Собранието на РСМ.

„Законот има цел да се овозможи иден развој на Армијата, заснован на висококвалитетни кадри, лични и професионални вредности на персоналот, висок морал и стандард, со цел создавање Армија оспособена за извршување на зададените одбранбени мисии и задачи.

Во Предлог-законот се вградени проширување и допрецизирање на должностите кои се сметаат како должности во вршење на служба во Армијата, согласно потребите и барањата на НАТО, со кои се уредува дека како служба во Армијата се смета и учеството во меѓународни операции, мисии и операции на Организацијата на Северноатлантскиот договор – НАТО. Со предложените измени и дополнувања се уредува и правото на стаж на осигурување со зголемено траење за целокупниот активен воен и цивилен персонал на служба во Армијата, како и можност за стипендирање на кадри за критични специјалности за потребите на Армијата за кои има недостиг.

Со предложените измени се продолжува времетраењето на договорот кој Министерството за одбрана го склучува со професионалните војници, од три на четири години, заради обезбедување соодветна пополна на командите и единиците на Армијата, согласно потребите за менаџирање со персоналот, како и обезбедување оптимално водење во кариера за време на вршењето на служба во Армијата, со уредување на начинот на оценување на активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата, согласно регулативите на НАТО за унапредувањето на офицери и подофицери во непосредно повисок чин согласно стандардите на НАТО“, образложуваат од Владата.

Новините во измените на Законот за одбрана кој е во собраниска процедура

Измени на Законот за служба во АРМ за упатувањето воени старешини во странство

Измени на Законот за одбрана за непречено распоредување на силите на НАТО низ земјата

М.В