Ќе се менува Законот за спортот во врска со предложениот Закон за данокот на добивка
Министерството за правда подготвува измени на Законот за спортот. Целта на законските измени е воведување нов ваучер-систем на даночно поттикнување кај спортските субјекти, кои ќе можат да го користат даночното намалување.
„Утврдена е потреба од воведување нова мерка за даночно поттикнување со ваучерски систем, со утврдување јасни надлежности на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, а во корелација со измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночните намалувања“, образложуваат од Министерството за правда.
Што се предвидува во предложените измени на Законот за данокот за добивка
Се подготвуваат измени на Законот за данокот на добивка
М.В