Ќе се менува Законот за вештачење, во кој Министерството за правда утврдило повеќе недостатоци

Министерството за правда подготвува измени на Законот за вештачење. Од Министерството истакнуваат дека измените се поради утврдени недостатоци и неусогласеност на одредбите од Законот вештачење.

Исто така, додаваат од Министерството, утврдена е потреба за преуредување на националниот систем за вештачење. Од тие причини, целта на Зaконот е да се подобрат материјата и системот на вештачење, како и други прашања поврзани со вештачењето.

Со Законот за вештачење, кој е предмет на измени, се уредуваат вршењето на вештачење, областите, условите и начинот на вршењето на вештачењето, субјектите кои вршат вештачење, условите и постапката за полагање на стручен испит за издавање, за продолжување, за престанок или за одземање на лиценцата за вештачење за вршење на вештачење од соодветна област, наградата и надоместокот на трошоците за извршеното вештачење, основањето, надлежноста, организацијата и работењето на Комората за вештаци, надлежностите на Бирото за судски вештачења, организацијата и работењето, како и други прашања од значење за судските вештачења, супервештачења, процени и грижа за унапредување на работите на вештачењето.

М.В