/ Прочитано:

1.186

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Во организација на новоформираното Здружение за трудово и социјално право на Северна Македонија, на 30 октомври во Скопје ќе се одржи првата конференција и советување на тема „Актуелни состојби во трудовото и социјалното право“.

Основните стратешки цели на Здружението се проучувањето, унапредувањето и популаризирањето на трудовото и социјалното право во Македонија.

ЗТСП има амбиција да се наметне како активен фактор во креирањето на трудовите и социјалните политики во земјата, но и препознатлив „форум“, во кој поширок круг на релевантни чинители од Македонија и од странство ќе имаат можност да ги искажат своите мислења, ставови и критика за теми во сферите на теоријата и практиката на трудовото и социјалното право во најширока смисла.

„Во таа насока, ЗТСП ја презема и првата покрупна активност и заедно со Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја организира првата конференција и советување на тема „Актуелни состојби во трудовото и социјалното право“, која ќе се одржи на 30 октомври, 2019 (среда) во хотелот „Мериот“ во Скопје, со почеток во 9:00 часот“, информираат од Здружението.

Организирањето на Конференцијата кореспондира со прославата на 100-годишниот јубилеј од конституирањето на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

На конференцијата ќе говорат универзитетски професори и познати експерти по трудово и социјално право, како и претставници на синдикатите и бизнис-секторот. Целосната агенда за настанот може да се преземе на следниот линк.

М.В