/ Прочитано:

1.742

Ќе се основа Агенција за внатрешно разузнавање: МВР подготвува нови закони и законски измени

МВР подготвува закон со кој ќе се формира Агенција за внатрешно разузнавање. Со усвојувањето на предложениот закон, велат од МВР, ќе се овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање, односно основање на Агенција за внатрешно разузнавање со цел воспоставување на моделот на реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија.

Покрај овој закон, МВР подготвува и нов закон за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија, како дел од пакетот законски прописи чие донесување е предвидено за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија.

„Со усвојување на предложениот закон ќе се овозможи воспоставување на моделот на реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем, во правец на реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање и воспоставување соодветен механизам за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Македонија“, образложуваат од МВР.

Исто така, во насока на усогласување на постојните со предложените прописи, МВР подготвува и измени на Законот за странци, на Законот за следење на комуникациите и на Законот за внатрешни работи.

Поради најавеното реорганизирање на МВР, ќе се дополнуваат и законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор.

Поради реорганизирање на МВР ќе се дополнуваат законите за работните односи и за вработените во јавниот сектор

Промовирана публикацијата „Насоки за надзор над разузнавањето“

Брифинг за реформите во правосудството, јавната администрација и контролата врз безбедносните служби

Оперативно-техничката агенција започнува со работа

Дебата за процесот на трансформација на УБК

Следењето на комуникациите не смее да биде злоупотребено од позиција на политичка моќ

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В