/ Прочитано:

1.234

Ќе се основа интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија

Во Собранието на Република Македонија ќе биде основана и промовирана интерпартиска парламентарна група за правата на Ромите во Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постојниот собраниски состав од различни политички партии.

Иницијатори на оваа идеја се пратениците: Самка Ибраимоски, Диме Велковски, Ирена Стефоска, Маја Морачанин, Лилјана Поповска, Енес Ибрахим, Агим Муртезанов, Мирсада Емини-Асани, Ивана Туфегџиќ, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Славица Шуманска-Митева, Соња Мираковска и Јулиана Николова.