Ќе се основа македонски Културно-информативен центар во Хрватска
„Владата донесе одлука за основање на Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска.
Основањето на Културно–информативен центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска, ќе придонесе за ефективна промоција и афирмација на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија во оваа држава преку долгорочно изградена стратегија за презентација на Министерството за култура“, информираат од Владата.