Ќе се основа платформа за еколошка правда
На 15 декември 2020 година, во 11:00 часот, Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) организира настан по повод воспоставување на Платформата за еколошка правда.
„На настанот ќе се обратат академик Владо Камбовски од МАНУ; Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство и Северна Ирска, Христина Оџаклиевска, заменик-министер за животна средина и просторно планирање, и Жарко Хаџи-Зафиров, програмски раководител и Никола Јовановски, програмски менаџер од Центарот за правни истражувања и анализи.
Платформата е структурирана да обезбедува научно-стручна поддршка и партнерство помеѓу сите државни органи кои имаат надлежност да се справат со еколошките приоритети, од една страна, и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), здруженијата на граѓани и експерти, од друга страна.
Идејата на платформата е преку вклучувањето на МАНУ, како највисока научна институција, и здруженијата на граѓани и експерти во релевантната област да се обезбеди поширок научен пристап и практично искуство во поддршка на напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање и останатите релевантни институции во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина при спроведувањето на политиките и законите во областа на животната средина, а особено при процесот на отпочнување преговори со Европската Унија.
Настанот ќе може да се проследи и со вклучување преку платформата Зум на следниот линк https://us02web.zoom.us/j/84763898235?pwd=K0pyWjhQcGVoRmV6WEE4alhET29Zdz09“, соопштуваат од ЦПИА.
Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда
М.В