/ Прочитано:

801

Ќе се подобрува квалитетот на податоците во катастарот

Владата на РМ ја разгледа информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот Подобрување на квалитетот на податоците во катастарот.

Проектот подразбира подобрување на постојната нестандардизирана структура на записите, односно на податоците кои се содржани во катастарот на недвижности.

„Имено, висококвалитетните податоци се дел и од Визијата 2020, која предвидува Агенцијата за катастар на недвижности да биде современа институција со цел целосно воспоставени примарни и секундарни бизнис-процеси. Тоа ќе овозможи размена на висококвалитетни и ажурирани дигитални податоци и сервиси на национално и регионално ниво, придонесувајќи кон економски раст и развој на општеството“, соопштуваат од Владата.

М.В