/ Прочитано:

801

Ќе се разгледува информацијата за Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминацијата

„На денешната седница министрите во Владата на РМ ќе ја разгледаат и информацијата за формирање на Национално координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област, со Предлог-одлука и Предлог-решение, како и информацијата за донесување Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на интерресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите и донесување Решение за изменување и дополнување на Решението за именување на членови на интерресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите“, информираат од Владата на РМ.

М.В