/ Прочитано:

3.658

Ќе се укинува Советот за јавни набавки и ќе се предложи нов закон за јавни набавки

Советот за јавни набавки ќе се укине на почетокот на декември. Ова денеска го најави министерот за финансии Драган Тевдовски во рамки на експертските консултации на тема „Реформа во системот за јавни набавки“.

Според најавите, Предлог-законот ќе биде поднесен уште денеска, со образложение дека Советот не придонел за олеснување на постапката за јавните набавки, туку напротив, постапките се одолговлекувале.  Во законските измени се уредуваат повеќе прашања кои се однесуваат на најниската цена како: критериумот, електронските аукции и давањето предност на квалитетот.

На денешните консултации беше образложено дека во октомври идната година ќе биде донесен нов закон за јавни набавки усогласен со европските директиви од 2014 година, а во новиот закон ќе влезат забелешките на Европската Унија кои говорат дека со повеќето измени на постојниот Закон за јавни набавки се придонело за оддалечување од стандардите.

М.В