/ Прочитано:

1.347

Ќе се воспостави Централен регистар на население кој ќе содржи и лични податоци на граѓаните

Законот за Централен регистар на население е во собраниска процедура.Целта на овој закон е обезбедување на пристап до податоците за населението во Република Северна Македонија заради остварување на правата и обврските или користење на услуги обезбедени од страна на надлежни органи или други лица. Како клучни институции со статус на изворници на податоци, согласно предложениот закон се Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда-Управата за водење на матичните книги и Централниот регистар на Република Северна Македонија. Во базата ќе се преземаат податоци од повеќе институции и преку алгоритми ќе се проверува колкава е точноста на тие податоци, со што добиениот податок за конкретно лице ќе може да се гарантира дека е вистинит и точен.

Контролор и обработувач на Регистарот е Министерството за информатичко општество и администрација, кое обезбедува единствена околина за пристап на надлежните органи и другите субјекти, преку која се овозможува процесот на интеграција на поединечните бази на податоци кои ја претставуваат содржината на Регистарот.

Со воспоставувањето на Регистарот, се пропишува во законското решение,  ќе се утврди унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури. Податоците содржани во Регистарот се лични податоци. Податоците од Регистарот се достапни на надлежните органи и другите субјекти определени со овој закон и истите се користат согласно условите утврдени со овој закон и прописите од областа на заштитата на личните податоци.

„Со одредбите од овој закон се уредува извршувањето на надлежностите утврдени со закон за органите на државната управа, единиците на локалната самоуправа и другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон, судовите, јавните обвинителства, државното правобранителство, правни и други лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, правни лица кои даваат и обезбедуваат услуги од јавен интерес, односно субјекти од областа на образованието, здравството, социјалната и детската заштита, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги, при обезбедување на услуги за остварување на правата и обврските од интерес и за потребите на населението во Република Северна Македонија, а поврзани со податоците содржани во Регистарот“, се пропишува во прелдоженото законското решение.

Се предлага Регистарот да  ги содржи следниве лични податоци:

1)         Име

2)         Презиме

3)         ЕМБГ

4)         Пол

5)         Датум на раѓање

6)         Место на раѓање

–           Држава

–           Општина

–           Населено место

7)         Лични документи

–           Документ

–           Број на документ

–           Вид на документ

–           Датум на издавање на документот

–           Датум на важност на документот

–           Статус на документот

–           Место на издавање на документот

8)         Мајка (ЕМБГ)

9)         Татко (ЕМБГ)

10)      Адреса на живеалиште

–           Општина

–           Населено место

–           Улица

–           Број (Број, Влез, Стан)

–           Додаток на број

11)      Адреса на привремен престој

–           Општина

–           Населено место

–           Улица

–           Број (Број, Влез, Стан)

–           Додаток на број

12)      Државјанство

–           Држава

–           Статус

–           Датум на почеток

–           Датум на престанок

13)      Брачен статус

–           Датум на брачен статус

–           Сопруг/а (ЕМБГ)

14)      Смрт

–           Датум на смрт

–           Место на смрт

–           Држава

–           Општина

–           Населено место

Законите за електронски услуги, за електронски документи и за регистар на население влегуваат во собраниска процедура

Јавна трибина за Законот за централен регистар на население и за Законот за електронско управување и електронски услуги

МИОА ги објави законите за централниот регистар на население, за електронското управување и за електронските документи

Кои лични податоци на граѓаните ќе ги содржи базата на податоци за воспоставување електронски регистар на население

Законот за централен регистар на население во фаза на подготовка

Владата најавува Регистар на население кој би можел да го замени пописот

Објавени Предлог-законот за централен регистар на население и Предлог-законот за електронско управување и електронски услуги

Се подготвува и Законот за електронско управување и електронски услуги

Предлог-законот за бесплатна правна помош и Предлог-законот за електронско управување влегуваат во собраниска процедура

Законски ќе се утврдува содржината на барањата за административните услуги по електронски пат

М.В