/ Прочитано:

2.663

Ќе се зголемува бројот на државните правобранители

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за потребата од зголемување на бројот на државните правобранители во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

Државното правобранителство на Република Македонија е државен орган кој презема мерки и правни средства заради правна заштита на имотните права и интереси на Република Македонија.

Во Законот за Државното правобранителство се пропишува дека Владата на Република Македонија, по предлог на државниот правобранител, со одлука го определува бројот на државните правобранители и донесува одлука со која го утврдува седиштето на државните правобранители и подрачјето на судовите каде што се врши државноправобранителската функција.

При донесувањето на одлуката со која се определува бројот на државните правобранители се тргнува од бројот, од видот и од карактерот на предметите, како и од надлежноста на судот на чие подрачје државните правобранители ја вршат својата функција.

Седиштето на државните правобранители и подрачјето на судовите каде што се врши државноправобранителската функција се утврдува врз основа на економската оправданост и бројот на судовите пред кои државните правобранители преземаат дејствија.

Според истражувањата на Институтот за човекови права, за активностите на Државното правобранителство како адвокат на државата малку се знае во јавноста.

„Главните проблеми со кои и понатаму се соочува Државното правобранителство на РСМ се однесуваат на функционирањето на органот од аспект на намалени човечки ресурси, како и кратките рокови за постапување, а во насока на некоординираност на државните органи кои ги застапува пред надлежните судови, односно ненавремено доставување на потребната документација на начин на кој ДП е оневозможено да ги штити правата и интересите на државните органи што ги застапува“, се посочува во последниот извештај на Институтот за човекови права во врска со работата на Државното правобранителство.

Презентиран Вториот мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство

За активностите на Државното правобранителство како адвокат на државата малку се знае во јавноста

Потребата од зголемување на бројот на државните правобранители на владина седница

М.В