Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија
Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија.
„Jа поздравуваме иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија. Клиниката е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината“, се вели во соопштението од „Жан Митрев“.
Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за договорот за Детска кардиохирургија во болницата „Жан Митрев“ и дали целиот процес бил спроведен во согласност со законот.
Инаку, Државниот санитарен здравствен инспекторат вчера, исто така, изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност.
При надзорот било констатирано дека здравствената дејност во „Жан Митрев“ се врши во согласност со решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство.
Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија
М.В