/ Прочитано:

3.067

Клучните измени на Законот за судовите

Измените на Законот за судовите се во собраниска процедура. Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека во реформските приоритети кои се добиени како задача во процесот на евроинтеграции особено значајно место има позитивната оценка на Венецијанската комисија за Законот за судовите.

Клучните измени во овој закон, на кои упатува министерката за правда,  се следните

Се пооструваат критериумите за избор и напредување на судиите.

Се овозможува судиите кои ќе бидат предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители да ја извршуваат судиската функција во намален обем.

Се проширува листата на позиции заради кои може да мирува судиската функција, и тоа: Ако судијата е именуван или избран за член на Судски совет на Република Македонија, судија на меѓународен суд, судија на Уставен суд, Јавен обвинител на Република Македонија, директор или заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Се воведува можност судиите да работат до 67 години.

Како потешка дисциплинска повреда, за која може да се поведе постапка за разрешување на судија се утврдени:

  • потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со која се нарушува угледот на судот и неговиот углед;
  • грубо влијание и мешање во вршењето на судиската функција на друг судија;
  • ако одбие да поднесе изјава за имотна состојба и интереси согласно закон или ако податоците содржани во изјавата во голема мера се невистинити или
  • очигледно прекршување на правилата за изземање во ситуации во кои судијата знаел или требало да знае за постоење на некоја од основите за изземање предвидени со закон.

Како нестручно и несовесно вршење на судиската функција заради кое може еден судија да се разреши се подразбира:

  • ако во две последователни оценувања не ги исполнува критериумите за успешност во работењето, по вина на судијата без оправдани причини, за што е оценет со две негативни оценки, а согласно постапката утврдена со Законот за Судски совет на Република Македонија;
  • ако е осуден со правосилна судска пресуда на казна пониска од 6 месеци, а која е директен резултат на постапување во вршење на судиската функција, намерно или со свесна небрежност;
  • ако неовластено издава класифицирани информации, односно изнесува информации и податоци за судски предмети со што се повредува обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон и кога јавноста е исклучена согласно закон;
  • ако без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени во работа или на друг начин ја оддолговлекува постапката;
  • ако не го зема предметот во работа заради што настапува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривично дело;
  • ако земе во работа предмет кој не му е распределен преку автоматизираниот компјутерски систем за  управување со судски предмети во судовите;
  • ако намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка, при што различното толкување на правото и фактите не може да претставува основ за утврдување на одговорност на судијата.

При тоа како критериум при разрешување на судија, ќе треба да се води сметка за

  • повредата е сторена со намера или очигледна небрежност по вина на судијата без оправдани причини и
  • повредата предизвикала тешки последици.

Полесна дисциплинска повреда според законот се смета:

  • полесни повреди на јавниот ред или други полесни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот и неговиот углед;
  • ja користи својата функција и угледот на судот за остварување на свои приватни интереси;
  • неисполнување на менторски задолженија;
  • повреда на правилата за отсуство од работа;-
  • непосетување на задолжителните обуки или
  • не носење судска тога за време на судењата.

За утврдена одговорност на судија, Советот може да изрече една од следниве дисциплински мерки

  • писмена опомена,
  • јавен укор,
  • намалување на платата во висина од 15 % до 30 % од месечната плата на судија во траење од еден до шест месеца.“

Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

МЛАДИ СУДИИ – нова категорија судии која се воведува со измените на Законот за судовите

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В