/ Прочитано:

5.213

КНИГА НА МЕСЕЦОТ ВО АКАДЕМИК: Коментар на Законот за облигационите односи

По повод повод десетгодишниот јубилеј, до крајот на годинава, една книга во издание на Академик секој месец со екстра попуст. Коментарот на Законот за облигационите односи е книгата на месецот во Академик за месец октомври, која ќе може да се добие со попуст од 60%, односно 1.570 ден со ДДВ.

Законот за облигациони односи е клучен закон со кој се регулира прометот на стоки и услуги и е особено важен пропис од аспект на правно-судската практика и од аспект на хармонизацијата и примената на европското законодавство.

Коментарот, чии автори се проф. д-р Кирил Чавдар и проф. д-р Кимо Чавдар, е неодминлива правна лектира,  која овозможува да се усвои материјата на Законот за облигациони односи на високо професионално ниво. Исцрпните коментари, објаснувања и извадоци од судската практика овозможуваат јасен и детален увид во сите законски членови, потоа доследна примена на Законот во согласност со европските директиви и, конечно, непречено и ефективно одвивање на прометот на стоки и услуги.

Сите заинтересирани можат да се информираат за попустите преку е-пошта на електронската адреса akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

Повеќе за екстра поволностите за производите на „Академик“ на следниот линк10 години Академик