/ Прочитано:

3.360

КНИГА НА МЕСЕЦОТ ВО АКАДЕМИК: ТУЖБИ на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови

По повод десетгодишниот јубилеј, до крајот на годинава, една книга во издание на Академик секој месец со екстра попуст.

ТУЖБИ на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови (со примери, прописи, објаснувања и судска практика) е книга на месецот во Академик за месец ноември и ќе може да се добие со попуст од 60%, односно за 1.869 ден. со ДДВ.

Целта на овој обемен труд е да им ја приближи материјата на тужбите на правните професионалци преку практични и реални примери, со објаснувања и општи согледувања. Вкупно 435 тужби од областа на граѓанското и трговското право, како и од областа на работните и управните спорови се прикажани со објаснувања и коментари, како и со насоки и препораки за нивна употреба во работењето.

Книгата е поделена во 6 дела, а во неа се прикажани тужби според Законот за сопственост и други стварни права (според Законот за договорен залог, Законот за облигационите односи, Законот за наследувањето, Законот за семејството), тужби на трговското право (според Законот за трговски друштва, други закони од трговските дејности и тужби во врска со вршење на одделни дејности во стопанството), тужби во други правни субјекти, тужби според Законот за работните односи, тужби според Законите за граѓанските судски постапки и тужби според Законот за управни спорови. На крајот се прикажани апликации според процесните закони за поведување постапка пред Европскиот суд за човековите права.

Трудот е збогатен и со примери за противтужби, приговори и предлози, како и со општи согледувања, карактеристики и објаснувања за секој од законите. Кусиот но темелен вовед ја објаснува тужбата како средство на имотноправна заштита, при што се опфаќа барањето за тужбата и правото на правна заштита.

Оваа своевидна „архива“ на тужбите, заедно со прописите, објаснувањата и судската практика, претставува исклучително богат и значаен придонес кон материјата на тужбите и е документ кој во голема мера ќе им помогне и на теоретичарите и на практичарите.

Сите заинтересирани можат да се информираат за попустите преку е-пошта на akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

Повеќе за екстра поволностите за производите на „Академик“ на следниот линк10 години Академик