/Прочитано:

975

Караѓорѓев Законик (кривично, семејно и државно право)

По првото српско востание, разните политички, економски, социјални, етнички и културни промени, донеле промени и во правниот живот на Србија. Во тој период само два извори на право го понеле името закон. Законот на прота Матеј и она што се нарекува Караѓорѓев Законик. Вториот е значително пообемен и содржи одредби на кривичното, воено-кривичното, држаното и семејното право.

Коментарот на овој познат Законик има не само големо значење од правен аспект, туку и непроценливо историско значење. Имајќи ги предвид специфичните историски и општествени услови на неговото настанување, читањето на овој правноисториски артефакт нема да ни овозможи само разбирање на тогашното уредување и правен систем, туку и увид во начинот на кој се регулирале прашањата од правна  природа.

Овој коментар дава одговор на некои од есенцијалните прашања од типот на прашањето за изворите, примената, односот кон другите современи законски и обичајноправни правила и судбината на она што е пропишано во овој Законик. Сепак, најбитно е прашањето за времето и начинот на кој е настанат овој Законик, бидејќи одговорот на овие прашања ќе го осветли начинот на решавање на врховната власт, авторскиот печат кај испишувањето на законските одредби, влијанието на надворешните прилики врз законските решенија и низа други важни прашања.

Која и да е побудата за читање на ова дело, историска или правна, нуди вистински и корисни информации.