/ Прочитано:

1.555

Основи на Фармакоекономија

Брзата еволуција на фармакоекономскаа наука во мислата и во сè поголем обем во практичната употреба, ги поместува очекувањата и потребите што се поставуваат кај фармацевскиот, но и кај медицинскиот кадар. Сите промени кои настануваат како последица на динамичните процеси во здравствениот сектор, како и отпорот што се создава поради високите трошоци поврзани со лекувањето, евидентно креираат потреба од разработени студии, емпириски податоци, истражувања и заклучоци.

Прв структуиран труд во кој се разработува една нова актуелна проблематика, чија цел е запознавање на студентите и практичарите со основните аналитички средства во економската наука, коишто се применливи во фармацевстската практика, но и здравството како поширока категорија.

Со оглед на тоа дека има потреба од мултидисциплинарен пристап во разработувањето на економските процеси, групирани со фармацевтските активности, основен обид е да се даде одговор на прашањето: „Кое е значењето на фармакоекономијата? Дали е таа одговорот – зошто општеството троши премногу на здравствени услуги, а сепак е системот неефикасен? Како да се оцени и да се постогне ефикасност, на начин којшто ќе обезбеди директно подобрување нацелокупната корист, како за општеството, така и за поединецот.“

Во фокусот на овој труд се поставени „Методите и моделите на фармакоекономијата“ кои ги дефинираат економските процени за рационалност при одлучувањето за терапии и употреба на лекови. Ограниченоста на ресурсите, кривите на понудата и побарувачката, граничните криви, концептот на еластичност и производната функција, детално се образложени со конкретни примери.