/ Прочитано:

10.369

Прирачник за канцелариско и архивско работење

Канцелариското и архивско работење е исклучително важен и неизоставен дел од работењето на секоја компанија, институција и организација. Спроведувањето на законските одредби не само што е обврска, туку и во голема мера го подобрува и олеснува работењето, ја зголемува продуктивноста и ги превенира потенцијалните непријатности и губењето на неопходни документи.

Иако есенцијален дел од работењето, многумина не се целосно запознаени со законските одредби, како и со начините на уредување и водење на канцелариските и архивските материјали. Овој Прирачник ќе ви го овозможи токму тоа – правилно, лесно и непречено работење. На јасен и систематичен начин, преку примери и упатства, авторот нè води низ сите процеси на канцелариското работење, почнувајќи од создавањето па сè до чувањето на архивскиот материјал.

Прирачникот ќе ве води низ Законот за архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење, поимите и термините, електронското работење, разграничувањето помеѓу приватниот архивски и документарен материјал и надлежностите и обврските на државниот архив, а дава и детално упатство за начините и техниките на постапување со архивскиот и документарниот материјал.

Сето ова го прави овој Прирачник е есенцијална и неопходна алатка за канцелариското работење.