/Прочитано:

1.051

Привремени мерки на Меѓународниот суд за правда

Истражувајќи една конкретна, а недоволно истражена област од меѓународното право, авторот дава одговор на низа недоволно јасни и дефинирани прашања. Бидејќи надлежноста на судот да искажува привремени мерки е дел, или посебен облик, на инцидентната надлежност на Судот, утврдени се и општите карактеристики на овој облик на надлежност.

Авторот врши понатамошно продлабочување и дава одговор на прашањето дали оваа надлежност е од инхерентна природа, а оттука и анализа на условите кои треба да се исполнат за Судот во конкретниот случај да ја исполни оваа надлежност.

Поделен во 9 дела, авторот се користи со правниот и догматско-правниот како основни методи, а каде што е потребно, со цел потполно спознание на предметот на истражување, користен е и социолошкиот, односно правно-социолошкиот метод.

Темелна, исцрпна и сеопфатна.