Вовед во големите правни системи на денешницата
Неопходноста од споредбено проучување на современите правни системи е веќе препознаена, а нејзиното значење – огромно.
Токму од тие причини и е напишан овој труд кој претставува нималку едноставен потфат. Функцијата на споредбеното право е во тоа што: 1. овозможува подобро запознавање на националните права и нивното усовршување; 2. големиот допринос во развивањето на меѓународните односи со создавање претпоставки за зајакнување на врските помеѓу државјаните на различни држави, како и за соработка на самите држави; 3. придонес во создавање општа теорија на правото; 4. придонесува во систематска унификација на право.
Познавањето на националните права и големите правни ситеми ќе овозможи подобро запознавање на сопствената правна култура, како и согледување на недостатоците и нивно поправање и подобрување.
Во оваа книга се поместени европско-континенталниот систем, англо-америкаското право (Англија и САД), право на Европската Унија, правните системи на Далечниот Исток, исламското право, хиндуистичкото право и индиското право, како и еврејското право и право на државата Израел.