/ Прочитано:

2.843

Збирка на прописи од областа на трудовото право

Следејќи ги последните измени на законите во областа на трудовото право, овој исцрпен, сеопфатен и  слободно може да се рече капитален труд и дело, на  765 страници ги изнесува прописите и правилниците на сите закони во целина. Систематски, прегледно, јасно, сè на едно место – во тоа е непроценливата вредност на оваа збирка.

Преку Закон за работни односи, Закон за безбедност и здравје при работа, Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, Закон за европски работнички совет, Закон за инспекцијата на трудот, па сè до Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водење на евиденцијата на спроведената едукација, како и најразлични упатства, како на пример Упатство за начинот на пресметка и исплата на плати и поврат на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во заштитни друштва-ова е само мал дел од она што е опфатено во збирката и што јасно сведочи за нејзиното непроценливо значење.

За сите оние на кои трудовото право им се специјалност, овој труд овозможува јасен увид во сите поврзани тематики, на тој начин давајќи му и практична компонента на делото и ја олеснува употребата на законите, прописите и правилниците. Исклучително корисен и за сите студенти и млади професионалци кои се на почетокот од својата кариера, бидејќи им овозможува исцрпен, јасен и опфатен увид во материјата на трудовото право.