/ Прочитано:

952

„Коха“: Заштитениот сведок во случајот „Монструм“ е жена

Среда, 26 септември 2012 – Заштитениот сведок на Јавното обвинителство, Е1 кој е повикан да сведочи пет месеци по петкратното убиство кај Смиљковското езеро е жена, пишува весникот „Коха“.

Според пишувањата на весникот, две недели по пронаоѓањето на заштитениот сведок Е1, чие сведочење се очекува да биде клучно за покренување обвинение и донесување одлука на судот за случајот „Монструм“, во јавноста циркулира информацијата дека обвинителството ангажирало жена, која тврди дека била сведок на петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

Блиските на притворените ја отфрлаат оваа информација и остануваат на ставот дека институциите сакаат по секоја цена осомничените да ги прогласат за виновни, иако, според нив, не располагаат со ниту еден доказ за нивната инволвираност во случајот, се наведува во „Коха“.