/ Прочитано:

1.141

„Кока Кола“ ќе го купува брендот „Црна Гора“ за да го користи како рекламна стратегија во Европа

Понеделник, 1 април 2013 – Глобалната корпорација „Кока Кола Компани“ (ККК) е заинтересирана да го откупи правото на користење на брендот „Црна Гора“. На тој начин корпорацијата сака да ја користи оваа земја како дел од својата рекламна стратегија во Европа, за подгоричкиот весник „Вијести“ ова го потврдуваат од врвот на балканската експозитура на овој американски гигант.
Не се знае кога ќе тргне официјалната иницијатива кон црногорската Влада, ниту е позната вредноста на можната финансиска понуда. Извесно е дека во рамки на мултинационалната компанија, управувачкиот менаџмент, минатиот месец и одобрил на европската филијала да ја отпочне целата постапка.

Лујза Родик, секретарката на генералниот директор на коорпорацијата „Кока Кола“ за Југоисточна Европа за црногорскиот медиум „Вијести“ потврди дека понудата е во завршна фаза, како и дека на Владата на Црна Гора ќе и биде препуштено да ја осмисли агендата за почеток на преговорите.

Родик, која со години работела во централата на компанијата „Кока Кола“ во Атланта, изјави дека идејата за Црна Гора како бренд, почнала минатата година на Интернационалниот форум во Бангкок кога на топ менаџерот Бен Ридли му биле прикажани серијал цртежи на познатиот црногорски сликар, Роман Ѓурановиќ.