/ Прочитано:

2.387

Командант Коки доби 6 месеци затвор поради напад на полицаец

Четврток, 31 јануари 2013 – Шест месеци затвор за Никола Ѓеоргиев алиас „командант Коки“ поради напад на службено лице што се случи вечерта на 23 декември 2012 година, пресуди Основен суд Скопје 1. 

Никола Ѓеоргиев беше обвинет за напад на службено лице што според обвинението се случило ноќта на 23 декември 2012 година. Процесот почна и заврши денеска. 

Ѓеоргиев ги отфрли обвиненијата образложувајќи дека ниту можел ниту пак удрил некого. Според него полициските „Алфи“ го нападнале и го тепале не само на лице место, туку и на патот кон полициската станица. Во судскиот процес сведочеа 5 лица, припадници на полициската единица „Алфи“, еден од нив имаше својство на оштетено лице. Според обвинението Ѓеоргиев го удрил оштетеното лице, притоа лицето се повредило паѓајќи од ударот на асфалтот. 

Одбраната на Ѓеоргиев не ја исклучива можноста да ја обжали пресудата откако истата на писмено ќе ја добие.