/ Прочитано:

1.378

Коментар на „Фајнанс тинк“ за Предлог-буџетот за 2020 година

Владата го усвои Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година. Тој е подготвен врз релативно реалистична претпоставка за растот на економијата од 3,8% и пораст на цените од 1,7%. Од перспектива на макроекономското проектирање, позитивен исчекор е тоа што проекцијата на Владата е во согласност со проекциите на домашната експертска јавност и меѓународните финансиски институции, што дава солидна основа за разумно проектирање на буџетските приходи и расходи.

„Консултативниот процес со засегнатите страни и дискусијата за Предлог-буџетот за 2020 година се реализираа релативно доцна, не оставајќи простор за значајни измени и адресирање на коментарите“, се вели во Коментарот на „Фајнанс тинк“, чиј целосен текст може да се преземе на следниот линк.

Изгласан ребалансот на Буџетот

Утврден дополнетиот предлог за измени на Буџетот

Пред Комисијата за буџет продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Ребалансот на Буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

М.В