/ Прочитано:

1.875

Коментар на „Фајнанс тинк“ за заклучокот на ММФ за пензиите и минималната плата

„Како и Фајнанс тинк, и ММФ поддржува зголемување на минималната плата, но укажува на штетите кои може да настанат доколку зголемувањето не биде проследено со раст на продуктивноста. Во ФТ Став бр. 40 за предложениот пораст на минималната плата од 15 октомври 2019, Фајнанс тинк ја изрази истата загриженост, според која рапиден раст на минималната плата може да ја зголеми инциденцата на промени со работните часови, непосакувани интервенции кај прекувремената работа, работата за празници, викенди и ноќна смена, како и да влијае врз зголемување на деформализацијата на работните места.

Фондот укажува дека зголемувањето на пензиите поголемо од законски нормираното усогласување со инфлацијата ќе предизвикува нагорен притисок врз трошењето, што повторно ќе ја наруши стабилноста на пензискиот фонд и, во крајна линија, ќе предизвика пораст на вкупниот буџетски дефицит. Според пресметките на Фајнанс тинк, проектираното зголемување на пензиите во 2020 година ја запира консолидацијата на пензиските финансии и претставува извор на ризик за вкупните јавни финансии“, се вели во коментарот на Фајнанс тинк, во кој се истакнува дека според ММФ клучен потег за фискална консолидација е рационализација на расходната страна на буџетот, односно подигање на ефикасноста на трошењата. Целосниот текст на коментарот на следниот линк.

Глобите за работодавачите во новите законски измени за минималната плата

Законот за зголемување на минималната плата пред Комисијата за труд

Законот за зголемување на минималната плата на собраниска седница по скратена постапка

„Фајнанс тинк“ за предложениот пораст на минималната плата

М.В