/ Прочитано:

1.441

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

По вчерашната консултативна средба на работната група за Законот за јавно обвинителство, Блупринт-групата го потврдува својот категоричен став дека СЈО како институција мора да продолжи да функционира и да го задржи степенот на автономија при постапувањето, а притоа да биде соодветно интегрирано во рамките на Јавното обвинителство на РСМ.

Соопштението на Блупринт-групата во целост:

„На таа линија се и нашите коментари на предложените амандмани на Законот за јавно обвинителство, кои ги доставивме до Министерството за правда, а за кои сметаме дека треба да биде информирана и пошироката јавност.

Во однос на организациската поставеност на СЈО, битно е да се има предвид севкупното вложување во капацитетите на СЈО, како и ефикасноста на ова обвинителство во поглед на истражување на кривични дела поврзани со високо-профилирана корупција сторена од високи државни службеници, наспроти малиот обем на работа со вакви предмети од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) во чии рамки со предлог- измените на ЗЈО е предвидено да се асимилира СЈО (повеќе од 50% од кривичните дела опфатени со истрагите на СЈО се однесуваат на член 353 од КЗ, додека помалку од 5% од предметите на ОЈО ГОКК се однесуваат токму на овој член). Токму од овие причини, Блупринт-групата во повеќе наврати ја истакна потребата дека СЈО како институција треба да се интегрира, а не да се асимилира во јавнообвинителскиот систем.

Имајќи го предвид фактот дека предлогот на Владата и амандманите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предвидуваат дијаметрално спротивни ставови – трансформирање и фузионирање на СЈО со ОЈОГОКК, односно формирање на посебно одделение во рамки на ОЈОГОКК, сметаме дека ниту едно од понудените решенија нема да ја оствари својата цел – постоење на институција во рамки на јавнообвинителскиот систем која самостојно и во ограничен степен независно ќе гони висок криминал и корупција со индиции од аудио материјалите (бомбите), а понатаму оваа надлежност ќе ја прошири и на предмети со висок криминал и корупција сторена од државни функционери.

Сметаме дека е исклучително битно надлежностите на обвинителствата да бидат регулирани што е можно попрецизно, со цел да се избегне судирот на надлежноста во постапувањето, а особено во преземањето на тековните предмети на СЈО. Вака поставените дефиниции на надлежностите на обвинителствата ќе овозможат да се утврдат законски критериуми по кои соодветно би биле распоредувани и тековните предмети, согласно со законски утврдената надлежност на обвинителствата.

Како една од клучните точки во овој закон од кои не би требало да има отстапки, Блупринт-групата ја лоцира примената на доказниот материјал. Оваа материја мора да се остави на Законот за кривична постапка, како и на начелото на слободна оцена на доказите од страна на судиите, во која насока говори и практиката на Европскиот суд за човекови права. Фактот дека законските решенија одат во насока на ограничување на можноста ’бомбите’ како приложен аудиоматеријал да бидат користени како доказ, дополнително ги наметнува сомнежот и оправданоста за суштината на постоењето на СЈО.

Во однос на условите и постапката за избор како на јавен обвинител на РСМ така и на другите јавни обвинители, ја повторуваме потребата од високи и строги критериуми за избор и унапредување во повисоко јавно обвинителство. Во таа насока, прифатливо е решението во предлогот на Владата на РСМ за јавни обвинители во Јавното обвинителство на РСМ да се избираат исклучиво лица од обвинителскиот кадар, со што ќе се ’затвори’ можноста за избор на лица без обвинителско искуство да бидат дел од ова обвинителство.

Во прилог се деталните коментари на предложените амандмани:

КОМЕНТАРИ НА АМАНДМАНИТЕ И ЗАВРШНИТЕ ОДРЕДБИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈО

  • Организациската поставеност на СЈО

Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ содржат одредби во кои се предвидува постоење на посебно одделение при ОЈОГОКК, кое би било надлежно да постапува за кривични дела каде што сторител е избрано или именувано лице носител на јавна функција во моментот на извршување на делото, а кривичното дело е поврзано со функцијата што ја извршува или ја извршувал. Иако ваквото решение нуди поголема автономија во постапувањето на новото одделение од предлогот на Владата, сепак ова решение носи потенцијална опасност да биде третирано како одделение кое се креира согласно со одредбите од чл. 15 од ЗЈО (’Во ЈО со поголем обем на истородни предмети, заради подобра ефикасност и специјализација во работењето на Јавното обвинителство, на едно потесно подрачје од неговата надлежност, може да се формираат одделенија како внатрешни организациски единици. Со работата на одделението раководи ЈО определено со годишниот распоред за работа во Јавното обвинителство врз основа на потесна специјализација и стручност на јавниот обвинител кој се поставува за раководител на одделението’), како и да дојде до преклопување на мандатите на ОЈОГОКК и новото одделение (чии мандати во одредена мера бездруго се преклопуваат), а единствено решение за ваквиот судир на надлежност е предвидено во ЗКП, а попрецизно определено во Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кој ќе престане да важи на 15.9.2020 година.

Врз основа на претходно наведеното, сметаме дека со формирање на јавно обвинителство кое би било во хиерархиска субординација на Јавното обвинителство на РМ, а би било на еднаков степен со ОЈОГОКК, би се постигнала долгоочекуваната цел – целосно функционално и независно обвинителство чија тесна специјалност би биле висок криминал и корупција. Поради тоа, потребно би било да се утврдат сите ситуации во кои би постоело преклопување на надлежностите на веќе постојното одделение за гонење на организиран криминал со ново предложеното обвинителство кое треба да го замени СЈО, а сè со цел да се избегнат проблемите во практичното постапување. Поради тоа неопходно е да се направи јасно и прецизно разграничување на надлежностите на овие две специјализирани обвинителства (ОЈОГОКК и одделението што би требало да биде новото СЈО).

Токму поради ова е особено битно надлежностите на обвинителствата да бидат регулирани што е можно попрецизно, со цел да се избегне судирот на надлежноста во постапувањето, а особено во преземањето на тековните предмети на СЈО. Вака поставените дефиниции на надлежностите на обвинителствата ќе овозможат да се утврдат законски критериуми по кои соодветно би биле распоредувани и тековните предмети во согласност со законски утврдената надлежност на обвинителствата.

Во контекст на предложеното решение од страна на најголемата опозициска партија, јавниот обвинител да одлучува за тоа кое обвинителство ќе ги преземе тековните предмети сметаме дека тоа излегува надвор од законитоста на постапувањето на јавниот обвинител, бидејќи на овој начин, без да постојат законски критериуми во согласност со кои ќе биде извршена распределбата на тековните предмети, на ЈО би му се доверила моќ да ја определува надлежноста на обвинителствата, која единствено може да биде регулирана со закон. Од друга страна, ваквото законско решение претпоставува дека при распределбата на предметите кои сега ги води СЈО ќе има судир на надлежност помеѓу другите обвинителства, но дури и во оваа ситуација, надлежен да одлучува за решавање на судирот е непосредно повисокиот јавен обвинител, а не исклучиво јавниот обвинител на РСМ. Токму поради тоа, во овој поглед, потребно е да се разгледа и усогласеноста на овие решенија со начините за решавање на судирот на надлежност помеѓу јавните обвинители што веќе е предвидено во член 40 од ЗКП. Овој член од ЗКП предвидува за судирот на надлежност да одлучува непосредно повисокиот обвинител, што е во колизија со предложеното законско решение на Владата во кое се предвидува за судирот на надлежност помеѓу две или повеќе обвинителства да одлучува јавниот обвинител на РСМ, но и во колизија со предлогот на опозициската партија за ваквиот судир на надлежност да одлучува директно ЈО на РСМ.

  • Надлежности и доказен материјал

Ова е една од клучните точки во овој закон од кои не би требало да има отстапки. Оваа материја мора да се остави на Законот за кривична постапка, како и на начелото на слободна оцена на доказите од страна на судиите, во која насока говори и практиката на Европскиот суд за човекови права. Имено, во контекст на предложените решенија, легитимно се поставува и прашањето за тоа дали може со закон да се ограничи користењето на одреден вид докази за кои домашната практика и практиката на Европскиот суд за човекови права имаат утврдено дека целта поради која биле прибавени ваквите докази ја оправдува нивната употреба (националните судови во предметите „Шпион“, „Бебиситерка“ и пресуди на ЕСЧП). Но и прашањето за тоа дали законодавецот може да му наложи на судот во веќе започнатите постапки да не ги цени одредени веќе прифатени докази (н.з. ’бомбите’) и дали тоа не претставува директно мешање во независноста на судството и ограничување на принципот на слободна судиска оценка на доказите. Фактот дека законските решенија одат во насока на ограничување на можноста ’бомбите’ како приложен аудиоматеријал да бидат користени како доказ, дополнително ги наметнува сомнежот и оправданоста за суштината на постоењето на СЈО.

Во амандманот на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено дека јавниот обвинител на РМ е должен да постапи согласно со мислењето од Врховниот суд на РМ за постапките што се започнати по 30 јуни 2017 година, од СЈО, а со целокупниот доказен материјал е должен да постапи согласно со член 12 ст.2 од Законот за кривична постапка. ЗКП, од друга страна, предвидува дека само судијата-судот може да утврди дали ќе се применат или не (или евентуално издвојат) одредени докази во една постапка. Во оваа насока и за оваа проблематика, постојното законско решение предвидува дека врз основа на начелото на слободна оцена на доказите, судот да биде единствениот кој може да одлучи за незаконитоста на еден доказ, а тоа бездруго остава можност подоцна за истото прашање да биде покрената постапка пред ЕСЧП. Меѓутоа, она што е најпроблематично со ова решение е тоа што се остава простор за легитимно амнестирање на осомничените во започнатите постапки. Продолжување на постапките на СЈО во кои се гледаат индиции и основи за сомневања за сторен сериозен криминал е неопходно, но и црвена линија преку која не би смеело да се премине. На ова се надоврзуваат и судбината и постапувањето по тековните предмети кои се во фаза на судски постапки.

  • Избор и назначување на обвинители (чл.106) (ст.2) Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во своите амандмани, предлага изборот на јавниот обвинител во ЈОГОКК да биде извршен од страна на Советот на ЈО, но по предлог на најголемата парламентарна опозициска партија. Ова е секако политичко решение кое, како и во минатото, со назначувањето на шеф на СЈО, ќе се покаже како многу погрешен чекор. Во отсуство на силна и убедлива аргументација, овој предлог треба веднаш да се отфрли и да се овозможи изборот да си тече во согласност со хиерархиската поставеност и концепција на јавнообвинителскиот систем.

(ст.4) Во овој дел од амандманот се предвидува дека обвинителите што работеле во СЈО, по завршување на својот мандат, ќе се вратат назад во обвинителствата од каде што се и преземени. Од една страна, ова решение е прифатено и во важечкиот закон за СЈО, што можеби дава во некоја мера оправданост на решението, но мора да се земат предвид едукацијата и зголемените капацитети на човечките ресурси, во случајов обвинители да постапуваат во ваков вид предмети. Овие обвинители имаат дополнителна стручна доедукација за унапредување на нивните знаења за водење на финансиски истраги, така што сметаме дека би биле неопходен кадар кој само би можел да придонесе за подобрената ефикасност на ОЈОГОКК.

Во однос на условите и постапката за избор како на јавен обвинител на РСМ, така и на другите јавни обвинители, ја повторуваме потребата од високи и строги критериуми за избор и унапредување во повисоко јавно обвинителство. Во таа насока е прифатливо решението во предлогот на Владата на РСМ за јавни обвинители во Јавното обвинителство на РСМ да се избираат исклучиво лица од обвинителскиот кадар, со што ќе се ’затвори’ можноста за избор на лица без обвинителско искуство да бидат дел од ова обвинителство. Постапките за избор на јавните обвинители во сите степени е потребно да бидат целосно јавни и транспарентни со јасно образложени и поткрепени одлуки кои ќе гарантираат дека само лица со докажана стручност и личен интегритет ќе бидат избрани или унапредени во системот на Јавното обвинителство.

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

Прифатен Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017 – 2022

Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите

Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања

Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците

Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните

Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби

Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции

„Инфлација од прекршоци во надлежност на несудски прекршочни органи“ – Стратегија за реформи во правосудството

Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата

Клучните измени на Законот за судовите

Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите

Владата ќе расправа за повеќе закони од областа на правосудството предложени од Министерството за правда

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија

Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС 

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

На седницата на Советот за реформи адвокатите ги истакнаа своите предлози за измените на Законот за судовите

И поранешни судии на Уставен суд или меѓународен суд ќе бидат членови на Судскиот совет, според предложените законски измени

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ: И уставен судија и судија на меѓународен суд да може да бидат директори на Академијата за судии и јавни обвинители

Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет

Основниот суд Скопје I Скопје и Основниот суд Скопје II Скопје ќе се преименуваат во Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје

Што се предвидува со најновите предложени измени на Законот за судовите, чиј текст го објави Министерството за правда

Законската рамка за судовите и за Судскиот совет се подготвува според мислењето на Венецијанската комисија

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

Продолжува постапката за разрешувањето на Јанева

Пратеникот Кирацовски во Обвинителството за случајот „Рекет“

Извештајот за Катица Јанева пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата

Јавното обвинителство: Ќе го разгледаме поднесокот од Јанева

Соопштение на СЈО за полномошното од Јанева

Пратеничката Ременски во Обвинителството за случајот „Рекет“

Започна постапката за разрешување на Катица Јанева

Извештајот за Јанева доставен до Советот на јавни обвинители

Жалбата на Катица Јанева за притворот одбиена како неоснована.

Законските одредби за разрешувањето на јавниот обвинител кој раководи со СЈО

Етичкиот кодекс на јавните обвинители за односот на обвинителот со обвинетиот

Начела до кои обвинителите се должни да се придржуваат според Етичкиот кодекс

Определен притвор за Јанева, Обвинителството продолжува со истрагата за случајот „Рекет“

Детали од Обвинителството за истрагата против Катица Јанева, која денеска беше приведена

Јанева не чувствува вина за „Рекет“

Катица Јанева дава исказ во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“

Обвинителот Рустеми од СЈО ќе дава исказ во Обвинителството

ЈО: За случајот „Рекет“ во тек е финансиска истрага и прибирање на доказен материјал

По предлог на Обвинителството продолжена мерката притвор во предметот „Рекет“

Пендаровски: Не го дискредитирав Јавното обвинителство

Обвинителството со соопштение до јавноста за изјавата на Пендаровски и случајот „Рекет“

Обвинителката Стефанова ќе дава исказ во Јавното обвинителство

Пендаровски: За случајот „Рекет“ правосудните органи да ја истераат работата докрај

Јанева и Стефанова со изјави за објавените снимки за „Рекет“

ЈО за снимките за „Рекет“: Станува збор за материјали кои се дел од доказната постапка

Објавени нови снимки за случајот „Рекет“

Објавена видеоснимка за случајот „Рекет“

ЈО прибира вербални докази за случајот „Рекет“, изјави дале градоначалниците на Карпош и на Битола

Јанева вели дека не ја злоупотребила должноста

ЈО: Пронајден е вториот мобилен телефон на Катица Јанева

Отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за примање награда за противзаконито влијание

Оставка на Катица Јанева

М.В