/ Прочитано:

4.120

Коментари по повод Извештајот на Европската комисија за Република Македонија

Клучните проблеми, како што се високата сива економија и извршувањето на договорите (поврзано со ефикасноста и непристрасноста на судскиот систем) остануваат, велат од „Фајананс тинк“. Препораката од Европската комисија за Република Македонија, велат од Институтот за европска политика, е повторена. За разлика од последната препорака од 2014 година, којашто повеќе беше утешна, оваа препорака е со перспектива. Извештајот ѝ дава ветар во едра на Владата за: 1. реформите 2. решавање на спорот со името. Препораката е зајакната со напредокот во исполнувањето на Договорот од Пржино и Итните реформски приоритети. Исклучително поволните оценки се однесуваат најмногу на односот на Владата кон основните принципи на владеењето на правото, дијалогот со општеството и опозицијата, како и преземените чекори за одвојувањето на државата од партијата.

Во овогодишниот извештај има „добар напредок“ единствено во поглавјата поврзани со политичките критериуми – Поглавје 23 и Поглавје 24. „Одреден напредок“ е забележан во 23 поглавја, а напредокот е еднаков на 0 и препораките не се спроведени во дури 8 поглавја. Се препорачува преземање на итни мерки за зајакнување на капацитетите за усогласување со acquis и координација на европската интеграција – како административните така и политичките капацитети. Ова е следниот клучен приоритет ако Македонија има претензии сериозно да го пречека датумот за почеток на преговори.

Од ЕПИ велат дека исклучително поволните оценки се однесуваат најмногу на односот на Владата кон основните принципи на владеење на правото, дијалогот со општеството и опозицијата, како и преземените чекори за одвојувањето на државата од партијата. Колку и да сме критични за остварувањата на оваа Влада, и кон сите внатрешни политички компромиси што мораше да ги прави, треба да се признае дека во основните демократски принципи и во меѓународната политика таа направи исклучителен пробив за една година.

„Одамна не сме виделе формулациja ‘добар напредок’, и тоа за клучните области во политичките критериуми – судство, јавна администрација, слобода на изразување, однос со граѓански организации“, посочуваат од ЕПИ.

Резултатите од изминатата година и пол и, следствено, оценките во Извештајот во поглавјата на acquis не се добри. Во овогодишниот извештај има „добар напредок“ единствено во поглавјата поврзани со политичките критериуми – 23 и 24. „Одреден напредок“ е забележан во 23 поглавја, а напредокот е еднаков на 0 и препораките не се спроведени во дури 8 поглавја. Ваквите оценки на ЕУ загрижуваат, особено ако се има предвид дека до пред само 3-4 години Македонија предничеше во регионот по нивото на усогласеност со acquis. На пример, посочуваат од ЕПИ паднато е нивото на усогласеност во тешкото поглавје за животната средина. Од друга страна, нивото на усогласеност во исто така тешкото поглавје на безбедност на храната е значително подигнато – што е единствена светла точка од поглавјата (ако се исклучат двете поглавја од пристапот „најпрвин основите“). ПРЕПОРАКА СО ИДНИНА? Коментар по повод Извештајот на Европската комисија за Република Македонија од 17 април 2018 година

Од „Фајнанс тинк“, пак, велат дека Извештајот дава реалистична слика за состојбата со македонската економија, нотирајќи одреден напредок. Особено споредено со оценката во претходниот извештај, напорите и потезите на носителите на економските политики се попозитивно вреднувани. Сепак, значајно ограничениот простор посветен на економијата (особено споредено со просторот посветен на политичките критериуми), како и користените изрази „одреден напредок“, „остануваат клучните слабости“ и нагласениот недостиг на долгорочни потези во економските одлуки укажуваат дека напредокот во економските политики и реформи е недоволен.

„Фајнанс тинк“ оценува дека, додека Извештајот врши експлицитно и недвосмислено ценење на преземените чекори за стабилизација и унапредување на демократско-политичкиот амбиент, позитивната оценка за економскиот амбиент е значајно поограничена. Ваквата оценка на економските политики и потези на Владата е во целосна согласност со укажувањата на домашната експертска јавност за дефокусот на економските прашања во претходниот период, и оттука Извештајот во економскиот дел не е изненадување.

Клучните проблеми, како што се високата сива економија и извршувањето на договорите (поврзано со ефикасноста и непристрасноста на судскиот систем) остануваат.

Од друга страна, се забележува првичен напредок во еднаквиот третман на компаниите, што главно е поврзано со изедначувањето на третманот на домашните и странските компании во Планот за економски раст.Други долгорочни слабости на економијата, посочуваат од „Фајнанс тинк“ се неактивноста на пазарот на труд, особено помеѓу жените, потребите од образовни реформи, потребата од промена на структурата на економијата и потенцијалните бенефиции од поврзувањето на странските со домашните компании, кои засега остануваат неискористени. Слично како и домашната експертска јавност, и Извештајот препознава дека Планот за економски раст на Владата има потенцијал да ги помрдне од мртвата точка овие инхибитори на економскиот раст и развој, но за согледување на првичните исходи треба да се почека неколку години.

М.В