/ Прочитано:

1.084

„Комисијата не зазеде став“ – целосен текст на извештајот за барањето за одобрување притвор на Трајко Вељаноски

На веб-страницата на Собранието објавен е извештајот за барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Велјаноски. Во извештајот пишува дека Комисијата не зазела  став во однос на прашањето за барањето притвор за пратеникот.

Инаку, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера ја прекина седницата на која пратениците требаше да одлучуваат за тоа дали да му се одземе имунитетот на Вељаноски.

Во Деловникот на Собранието се пропишува дека Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е должна во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.

Барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања беше на дневен ред на 22 февруари.

Делегацијата на ЕУ остро го осудува инцидентот во КПУ Затвор Скопје, а премиерот ја очекува оставката од директорот

Барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Правилник за куќен ред: „При извршување на мерката притвор се чува телесното и душевното здравје на притвореното лице“

Осуди за инцидентот во КПУ Затвор Скопје

Кривичниот суд за определувањето мерка притвор за Ристовски и Јанакиески

ЈОРМ: Под истрага организаторите на настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

М.В