/ Прочитано:

591

Комисијата предлага нови мерки

„На Владата на утрешната седница ќе предложиме уште еден пакет мерки. Сите економски оператори да работат до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес. Сето ова со пакетот на мерки кој утре ќе се дискутира во Собранието. Законот е веќе даден по скратена постапка. Законот за заштита на населението од заразни болести, а во тој закон се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири. Сметаме дека тоа е еден пакет мерки којшто значајно може да го намали бројот на новодијагностицирани случаи“, рече министерот Филипче на денешната прес- конференција.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час. Да собереме сили сите, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот на којшто ќе треба да се функционира, во периодот што е пред нас доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“, посочи Филипче.