/ Прочитано:

771

Комисијата предлага отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПСР-тест

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без PCR тестирање.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Во Европската Унија сите граници на движење се без PCR тестирање.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија“, соопштуваат од Владата.