/ Прочитано:

667

Комисијата предложи ново олабавување на мерките

Комисијата за заразни болести предложи ново олабавување на мерките. Се предлага укинување на задолжителното носење на заштитни маски во училиштата за учениците, но тоа  останува обврска за наставниците, професорите и техничкиот персонал; потоа Комисијата предлага да не се бараат сертификати за отворените угостителски објекти, односно да не се бараат сертификати во овие делови од објектот; и се предлага мерка за 75% наместо досегашните 50%  исполнетост во затворени објекти како театар и кина.