/ Прочитано:

2.842

Комисијата предводена од судијата Лазар Нанев продолжува со увидот во АКМИС-системот во Кривичниот суд

Комисијата составена од Министерството за правда денеска продолжи со ревизија на автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичен суд.

Судијата и универзитетски професор, Лазар Нанев, е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на автоматизираниот информациски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во скопскиот Кривичен суд. Увидот во АКМИС-системот во скопскиот Кривичен суд почна минатиот четврток. Предвидено е комисијата да прави ревизија на електронските системи во сите судови.

Работната група, вели Нанев, започна со работа и има обврска да констатира одредени состојби. Ќе продолжиме со работа, додава судијата, а за тоа што ќе го констатираме ќе биде времено известена јавноста од страна на Министерството за правда.

Во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе беше констатирано дека постојат индиции за злоупотреба на АКМИС-системот, кој како систем ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отвoрање на предметот преку негово доделување, било да е кривичен, прекршочен, граѓански и др.

М.В