Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за прашања во врска со Етичкиот кодекс
Денеска собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за правилата за водење на постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки утврдени во Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија.
Комисијата, исто така, треба да го утврди образецот за пријава на дар за пратениците на Собранието на Република Северна Македонија.
Со Кодексот за етичко однесување на пратениците се уредуваат основните етички начела, правила и стандарди на однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија (во натамошниот текст: Собрание).
Целта на овој кодекс е зачувување и афирмирање на достоинството и угледот на Собранието и на пратениците.
„Овој кодекс има за цел и да ја зголеми довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и интегритетот на функцијата пратеник како индивидуа и на Собранието како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија и носител на законодавната власт“, се пропишува во Кодексот.
Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието
Советник за интегритет ќе ги советува членовите на Владата за препораките од Извештајот на ГРЕКО
Со меѓународна соработка до ефикасна борба против корупцијата
Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО
Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието
Пратениците добија етички кодекс
Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ
Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците
М.В