/ Прочитано:

972

Комисијата за хартии од вредност усвои стратешки план чија цел е одржлив развој на пазарот на хартии од вредност

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги усвои Стратешкиот план за работа на Комисијата за периодот од 2019 – 2021 и Годишната  програма.

„Во овој тригодишен Стратешки план се зацртани целите за унапредување и развој на Комисијата, а  тие се:  инклузивен и одржлив развој на пазарот на хартии од вредност, заштита на инвеститорите и на интегритетот на пазарот, како и оптимизирање на институционалните перформанси. Овој документ, меѓу другото, содржи и низа проекти  и активности, со чија реализација пазарот на хартии од вредност треба да биде канал кој му овозможува на капиталот да биде мобилизиран за оние на кои им е потребен, а ризиците поврзани со тоа, да ги сносат оние кои се подготвени да ги преземат. Со други зборови, Стратешкиот план дава предвидливост и нуди јавност на приоритетите и на плановите што Комисијата ќе ги презема во наредните три години и има цел инвеститорската јавност и учесниците на пазарот во овој стратешки документ да препознаат дополнителен импулс за целосна доверба во КХВ“, соопштуваат од Комисијата за хартии од вредност.

М.В