/ Прочитано:

910

Комисијата за изборите и именувањата ќе утврдува повеќе предлог-одлуки

На дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се повеќе точки за избор и именување на членови на совети, агенции, управни одбори и дирекции.

Комисијата ќе ги утврдува следните предлози: Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици-членови на Националниот совет за евроинтеграции, Предлог-одлуката за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за Народниот правобранител – механизам за граѓанска контрола, предлозите за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Предлог-одлуката за именување на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, Предлогот за избор на директор и на заменик-директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Предлог-одлуката за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Предлог-одлуката за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна  Македонија, Предлог-одлуката за именување на членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Комисијата ќе врши и проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 120/2019)  Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за изборите и именувањата ќе утврдува предлог за избор на главен државен ревизор

М.В