/ Прочитано:

1.178

Комисијата за изборите и именувањата ќе утврдува предлог за избор на главен државен ревизор

Денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница на која на дневен ред е утврдување Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда „23 Октомври“.

Државната награда „23 Октомври” традиционално се доделува на Денот на мaкедонската револуционерна борба – 23 Октомври. Со неа се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Исто така, на дневен ред на денешната седница на Комисијата е и утврдување предлог за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија.

Според прописите, главниот државен ревизор го претставува и го застапува Државниот завод за ревизија, обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, раководи и ја организира работата на Државниот завод за ревизија.

М.В