/ Прочитано:

5.239

Kомисијата за труд и социјална политика ги прифати измените за унапредување на правата на лицата со попреченост

Членовите на комисијата за труд и социјална политика на денешната седница во прво читање ги прифатија низата измени и дополнувања на законите за заштита на децата и за социјална заштита. Измените и дополнувањата предвидуваат: за остварување на право на паричен надомест за деца со траен инвалидитет да не се поднесува лекарски доказ секоја година, туку центрите секоја година по службена должност да го продолжуваат правото, воведување персонален асистент за лица со попреченост, укинување на конзилијарно мислење за добивање туѓа нега, како и укинување на цензусот за висината на месечни примања на семејството на барателите за надомест за мобилност, слепило, глувост или за туѓа нега.

Собраниската комисија за труд и социјална политика на денешната седница во прво читање ги прифати низата измени и дополнувања на законите за заштита на децата и за социјална заштита. Измените и дополнувањата предвидуваат: за остварување на право на паричен надомест за деца со траен инвалидитет да не се поднесува лекарски доказ секоја година, туку центрите секоја година по службена должност да го продолжуваат правото, воведување персонален асистент за лица со попреченост, укинување на конзилијарно мислење за добивање туѓа нега, како и укинување на цензусот за висината на месечни примања на семејството на барателите за надомест за мобилност, слепило, глувост или за туѓа нега.

Министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска, во текот на расправата појасни дека за дете за кое од стручен орган е издаден траен наод, неговите родители, односно старатели нема да мора да поднесуваат лекарски доказ за да го продолжат правото на посебен додаток за наредната година, а освен тоа, нема да бидат потребни ниту повторен преглед или контрола. Овие измени на Законот за детска заштита ќе почнат да се применуваат од 1 јануари 2018 година.

Што се однесува до измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита, тие предвидуваат за прв пат воведување персонален асистент за лицата со попреченост, а ќе се укине и цензусот за висината на месечни примања на семејството на барателите за надомест за мобилност, слепило, глувост или за туѓа нега.

„Повеќе нема да се пресметуваат приходите на семејството за корисникот да го добие правото на паричен надомест за туѓа нега, мобилност, слепило или глувост, со што овие измени, всушност, ќе ги унапредат правата на лицата со попреченост.

Бидејќи се укинува конзилијарното мислење за добивање туѓа нега, измените предвидуваат барателите да ги посетуваат лекарски екипи во нивните домови, односно на терен ќе излегуваат шест екипи со по двајца лекари.

Измените и дополнувањата на овие закони беа поддржани од страна на сите членови на Комисијата за труд и социјална политика, чиј заеднички став е дека тие значат унапредување на правата на лицата со инвалидност.

А. Б.