Комисијата за заразни болести предлага 14-дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

„Комисијата за заразни болести предлага 14-дневна самоизолација за патниците од Велика Британија. Ова е предлог-мерка од утринскиот состанок на Комисијата за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија“, објави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.