Комисијата за заштита од дискриминација со стручно мислење за предложените измени на Законот за лични карти
На барање на политичката партија Левица, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во согласност со член 21 од Законот за спречување и заштита од дискриминација изработи стручно мислење по предлогот за воведување на категоријата етничка припадност во личните карти, содржан во предлог законот за измени и дополнувања на Законот за лични карти.
Клучните поенти од стручното мислење на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација по ова прашање се дека:
- Меѓународната пракса покажува дека ваквите политики водат кон додатна изолација, сегрегација и дискриминација на најзагрозените групи.
- Со воведување на етничката припадност во личните карти потенцијално може да зголеми дискриминацијата по основ на етничка припадност.
- Дискриминацијата најмногу ќе се зголеми врз лицата или групите каде етничката припадност е истовремено и неразделно поврзана со некоја друга дискриминаторска основа.
- Потенцијално ќе се овозможи практиката на расно и етничко профилирање.
Правно мислење за предлогот за додавање графа за етничка припадност во личните карти
Предлог-законот за личната карта за усогласување со Законот за употреба на јазиците
М.В