/ Прочитано:

1.067

Комисиска расправа за Предлог-законот за јавното обвинителство

Предлог-законот за јавното обвинителство, поднесен по скратена постапка, е на дневен ред на собраниските комисии. На дневен ред се и измените на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, кои исто така се предложени по скратена постапка. Предложените законски решенија се со европско знаменце.

„Законот за јавното обвинителство е донесен во 2007 година и со него се уредуваат надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и функционирањето на јавното обвинителство, основите и постапката за именување и разрешување на јавниот обвинител на Република Македонија, основите за престанок на функцијата јавен обвинител на Република Македонија, основите за избор и разрешување на јавните обвинители, основите за престанок на функцијата јавен обвинител, како и други прашања во врска со работата на јавното обвинителство.

Согласно законот, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Функцијата на јавното обвинителство ја вршат јавниот обвинител на Република Македонија и јавните обвинители. Јавниот обвинител функцијата ја врши законито, непристрасно и објективно, ги почитува и заштитува слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти и во рамките на своите надлежности, во име на општеството се грижи за ефикасност на кривично-правниот систем. Јавниот обвинител во вршењето на функцијата обезбедува еднаквост на граѓаните пред законот, независно од полот, расата, бојата на кожа, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување и имотната и општествената положба. Никој не може да влијае врз самостојноста и непристрасноста на јавниот обвинител во вршењето на функцијата. Јавното обвинителство се организира според принципите на хиерархија и субординација, согласно со закон“, се вели во законското образложение.

„Законот за Советот на јавни обвинители на Република Македонија е донесен во 2007 година и досега има претрпено едни измени и дополнувања во 2011 година. Со овој закон се уредуваат надлежноста, составот и структурата на Советот на јавните обвинители, мандатот на неговите членови, основите и постапката за престанок и разрешување на член на Советот, како и основите и постапката за избор и престанок и разрешување на јавните обвинители и други прашања во врска со работата на Советот. Советот е самостоен орган кој ја обезбедува и гарантира самостојноста на јавните обвинители во извршување на нивната функција“, се посочува во измените на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Незаконски прислушуваните материјали за предметите поведени по 30 јуни 2017 година да можат да се користат само како индиции

Утврдени се Предлог-законот за јавното обвинителство и измените на Законот за Советот на јавните обвинител

Заклучоци од јавната расправа за новиот Предлог-закон за јавно обвинителство, која продолжува и денеска

Продолжуваат разговорите за новиот Закон за јавното обвинителство

Блупринт-групата: СЈО како институција треба да продолжи со работа

Коментари на Блупринт-групата за Предлог-законот за јавното обвинителство

Консултации за Законот за јавното обвинителство и различни ставови на експертите

Предлог-законот за јавното обвинителство на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Законот за јавното обвинителство пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за европски прашања

Предлог-законот за јавното обвинителство на собраниска седница по скратена постапка

БЛУПРИНТ ГРУПА: Донесените закони се добра основа за промени, потребна е доследна имплементација

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Блупринт групата достави конкретни решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

Извештај во сенка за Поглавјето 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

Дијалог за реформите во Поглавјето 23

Граѓанските организации реагираат поради недоволната вклученост во подготовката на законските решенија

Министерството за правда продолжува со консултациите со политичките партии за Законот за јавното обвинителство

Анализа за трансформацијата на СЈО и проблемот со неговата уставност

Министерство за правда: Законот за јавното обвинителство е закон без скриена амнестија

Граѓанските организации бараат повлекување на Предлог-законот за јавното обвинителство

Јавниот обвинител на СЈО за својата работа ќе одговара пред републичкиот  јавен обвинител

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

Новините во предложените измени на Законот за Советот на јавните обвинители

Детално образложение на Законот за јавното обвинителство, во кој е уреден и статусот на СЈО

СЈО да биде дел од ЈО, со посебна автономија

Јовески: Да постои единствен закон за Јавно обвинителство, во кој би се вклопил и Законот за СЈО

Објавен текстот на Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство – се предвидуваат нови надлежности на СЈО на Карпош и на Битола

М.В