/ Прочитано:

1.016

Комората на медијатори и Академијата за судии и јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

Со меморандум за соработка Комората на медијатори ја зацврсти соработката со Академијата за судии и јавни обвинители. Меморандумот го потпишаа претседателот на Комората на медијатори, Славе Младеновски, и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска, во рамките на првиот Центар за медијација формиран според европски модел во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Определбите на Комората на медијатори станаа содржина на меморандумот за соработка со Академијата на судии и обвинители и заеднички се преточени во конкретни области и активности за реализација.

„Во Комората постои неподелено мислење, медијацијата да ја направиме да биде постапка која за страните во спорот е прво, единствено и последно решение во доаѓањето до заеднички договор, со што ние сме ја завршиле успешно нашата работа како медијатори. Наши конкретни задачи и активности во наредниот период се запознавање на граѓаните и институциите со можностите и со позитивните карактеристики на медијацијата во насока на намалување на водењето парници во судска постапка и намалување на степенот на конфликтност со мирно решавање спор. Тоа мислиме да го направиме преку соодветни обуки, работилници и предавања. Станува збор за активности во кои како учесници би биле претставници од правосудниот систем, од бизнис-секторот, од граѓанскиот сектор и новинарите“, истакна Младеновски и додаде дека за медијаторите од суштинска важност е промоцијата и афирмацијата на медијацијата како соодветно, практично и ефикасно решение за решавање спор, кое мора да биде во интерес на двете страни.

По потпишувањето на меморандумот, деловната заедница во Сојузот, во рамките на Центарот за медијација при ССК, кој официјално започна со работа на 17 јули годинава, го проследи предавањето на лиценцираните медијатори Славе Младеновски, претседател на Комората, и Дејан Белевски, претседател на надзорниот одбор на Комората на медијатори, на тема: „Медијацијата и бизнисот – брзо решавање спор, потреба и цел“.

Целта е деловната заедница што поконкретно да се запознае со предностите на медијацијата со која страните го решаваат својот спор со помош на трета неутрална страна – медијатор. Медијацијата е доброволна, неформална, доверлива, брза и слободна постапка. Медијаторот на двете страни им помага да дојдат до решение на заемно задоволство, односно крајниот исход на медијацијата е двете страни да бидат победници. Вештината на медијаторот се состои во периодот на запознавање на страните со постапката на медијација да им даде колку што е можно повеќе корисни информации. Постапката на медијација, според Законот не смее да трае повеќе од 60 дена, но праксата покажува дека спорот се решава по само неколку состаноци.

Последните две години во земјава има напредок во бројот на предмети решени со медијација. Медијацијата може да придонесе да се подобри сликата во судството во поглед на евроинтеграциите затоа што во европските агенди таа е еден од клучните елементи и еден од столбовите на кои се потпираат натамошните реформи во правосудството на ниво на Европа. Комората на медијатори бележи над две илјади предмети за 2017/18 година, што покажува дека напорот на медијаторите може да донесе резултати.

Расте бројот на предмети решени со медијација

Новиот Предлог-закон за медијација на второ читање пред Законодавно-правната комисија

Министерство за правда: Потпишувањето на Сингапурската конвенција за медијација е историски настан

Новиот Закон за медијација со европско знаменце во собраниска процедура

Целта на Законот за медијација е приближување на земјата кон ЕУ, се вели во законското образложение

Драстично зголемување на бројот на предмети кај медијаторите

Европска конференција за медијација во Скопје

Меморандум за соработка меѓу Комората на медијаторите и Владата

Програмата за поддршка на медијацијата донесена од Врховниот суд

Јавна расправа за Предлог-законот за медијација: Законското решение има недостатоци и треба да се доработи

Министерството за правда подготвува Закон за медијација

Регионални искуства за медијацијата како ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови

Советите на правните застапници се клучни при алтернативното решавање на трговските спорови

„Време е превезот врз очите на божицата на правдата да не биде само моден детаљ“ – д-р Срѓан Шимац за предизвиците на правото од аспект на медијацијата

ЗА УЛОГАТА НА АДВОКАТИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА МЕДИЈАЦИЈА: Интервју со адвокатот Јане Илијески

Медијацијата нуди многу предности за граѓаните и за деловните субјекти – интервју со д-р Зоран Вучев, лиценциран медијатор

АЛТЕРНАТИВНИТЕ ВОНСУДСКИ ПОСТАПКИ И ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА: Европскиот парламент и Советот на ЕУ за медијацијата во граѓанските и трговските спорови

Начела на медијацијата

Мислењата на анкетираните судии за медијацијата – извештај за примената на алтернативното решавање на спорови

АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ СПОРОВИ: За медијацијата клучна е довербата

АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА МЕДИЈАЦИЈАТА: Медијацијата нуди прифатливи решенија за компаниите

Научно толкување на членот 66 од Преодните и завршни одредби на Законот за медијација

ЗАСТАПНИЦИТЕ ДОБРО ДА СЕ ПОДГОТВАТ: Судијката Антоанета Димовска за примената на новите измени во ЗПП

М.В