/ Прочитано:

1.085

Компаниите сметаат дека е потребно допрецизирање на Предлог-законот за урбанистичко планирање

Во присуство на голем број претставници на компаниите од областа на урбанизмот и планирањето на просторот, на претставници на Министерството за транспорт и врски и на стручната јавност, во Стопанската комора на Македонија Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите одржа работна средба со претставници од Министерството за транспорт и врски, на која се разгледуваше Предлог-законот за урбанистичко планирање, кој е во собраниска процедура.

Целта на работната средба беше компаниите да ги презентираат своите видувања и коментари за текстот на Предлог-законот, да разменат мислења за предложените законски решенија со претставниците на Министерството за транспорт и врски, како и да се разгледаат можностите за преземање дополнителни активности во врска со наведеното прашање.

„Проф. д-р Мирослав Грчев, експерт со долгогодишно искуство од областа на урбанистичкото планирање и градежништвото, посочи дека Предлог-законот за урбанистичко планирање има цел да ги дефинира сите аспекти на процесот на планирањето на просторот, водејќи се од целите и начелата на урбанистичкото планирање и да претставува солидно и применливо законско решение кое нема да биде подложно на чести изменувања и дополнувања како досега“, велат од Стопанската комора.

Во рамки на изнесените препораки за унапредување на состојбите во урбанизмот, компаниите посочија дека е потребно да се преиспитаат и да се допрецизираат одредени одредби во Предлог-законот, меѓу кои и одредбите кои се однесуваат на контролата на планерите при донесувањето на плановите, роковите за прибавување на мислењата и согласностите од надлежните институции и органи, како и последиците во случај на неиздавање на потребната документација, потребата од постоење на јавни установи за урбанизам и допрецизирање на нивните надлежности, програмата за финансирање на изработката на урбанистичките планови, при што во однос на поголемиот дел од посочените забелешки и предлози на компаниите беа усогласени заеднички прифатливи решенија.

На работната средба беше изразена подготвеност и за доставување на дополнителни предлози за допрецизирање на прашањата за кои се дискутираше на состанокот во насока на остварување на основните цели и начела на урбанистичкото планирање и подигнување на квалитетот на струката и дејноста.

Новиот Закон за урбанистичко планирање во собраниска процедура

Измените на Законот за катастарот и новиот Закон за урбанистичко планирање влегуваат во собраниска процедура

Градежните компании со конкретни предлози за измените на законите од областа на градењето и урбанизмот

Компаниите укажуваат на недоречености во градежната регулатива

Измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење во собраниска процедура

Градежниците предлагаат промени на повеќе прописи од областа на градежништвото и безбедноста при работа

Потребна е реформа на законодавството од областа на градењето која ќе го заштити јавниот интерес

М.В