/ Прочитано:

2.709

Компаниите во Австралија и Нов Зеланд бараат адвокатските канцеларии да не наплаќаат услуги по час

Здружението за корпоративно советување на адвокатите од Австралија и Нов Зеланд во својот извештај покажува дека трошоците за адвокатски услуги во овие држави изнесуваат 2.6 милиони долари годишно, со што како верижен систем се врши притисок врз односите во општеството.

Адвокатите што работат во компании се противат на начинот на наплата на адвокатските канцеларии и бараат од нив да престанат со фактурирање на нивните услуги врз основа на времето поминато во работа на еден предмет, нагласувајќи ги притисоците на пазарот и на купувачите на услуги.

Здружението за корпоративно советување на адвокатите од Австралија и Нов Зеланд во својот извештај покажува дека трошоците за адвокатски услуги во овие држави изнесуваат 2.6 милиони долари годишно, со што како верижен систем се врши притисок врз односите во општеството.

Овој константен бизнис притисок и прогресивност имаат и придобивки во однос на тоа дека за првпат жените сочинуваат половина од лидерите во правните тимови општо и една четвртина како рамноправни партнери во адвокатските фирми.

Адвокатката на компанијата која соработува со аеродромот во Бризбен, Сара Торнтон, за веб-страницата „Financial Review“, изјавила дека адвокатските канцеларии преземаат чекори за промени, но дека темпото сепак би можело да биде побрзо, а она што ги спречува  во тоа е навиката од минатото да продолжат со стариот начин на работа.

Еден од чекорите што треба да го преземат адвокатските канцеларии е да го променат начинот на плаќање на своите услуги и со тоа да станат и флексибилни и иновативни. Таа смета дека наплатата по час е по малку непристоен начин на професионално однесување и вели дека 42% од анкетираните адвокати се противат на овој начин на наплата, но и дека сега засега не гледаат друга алтернатива. Дури 84% од нив сакаат наплата со фиксна цена. Анкетата била спроведена со 222 адвокати во Австралија и 85 во Нов Зеланд, од кои 28% биле вработени во компании, самостојни биле 33%, а во владини агенции работеле 13%. Преостанатите биле адвокати што имаат вработени соработници во канцелариите.

С. М.