/ Прочитано:

908

Компаративна анализа на стратегии за справување со еколошки криминал

Во рамки на проектот „Проект за добро управување со животната средина“, Центарот за правни истражувања и анализи ја изготви „Компаративната анализата на стратегии за справување со еколошки криминал“.

Главната цел на оваа компаративна анализа е да даде:

  • Преглед на механизмите за ефективна превенција и заштита на криминалот во животната средина, како и кривични дела опфатени со детектираните механизми во РСМ и земјите членки на ЕУ и регионот;
  • Преглед на меѓународната практика на Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата и правото на здрава животна средина.

Општиот заклучок на оваа компаративна анализа е дека во Република Северна Македонија постојат недостатоци во имплементацијата на мерките за заштитата на животната средина, што е резултат на недоволните административни и финансиски ресурси со кои располагаат институциите.
Овие проблеми несомнено доведуваат до заклучокот дека веќе слабата соработка помеѓу сите активни чинители во областа на животната средина е време да се подобри и продлабочи.
Законската рамка за превенција и унапредување на здрава животна средина е несоодветна, таа е застарена и бара надополнување и предвидување на нови кривични дела кои досега не биле опфатени со Кривичниот законик.
Ова надополнување би требало да се движи и во насока на допрецизирање и појасно опишување на законските битија на веќе постоечките кривични дела, како и на давање објаснување на некои основни термини со цел правилна примена на членовите.

Наодите на оваа анализа упатуваат на тоа дека казнената политика во РСМ е преблага, земајќи ги во предвид висината на штетите кои настануваат во природата. Најголем број од судските одлуки се условни пресуди, мал дел завршуваат со парични казни за сторителите, а во само еден случај е изречена и казна затвор. Паричните казни пак се прениски, а скоро и воопшто да не се размислува на вклучување на обврската за реставрација или враќање на животната средина во поранешната состојба.

Анализата можете да ја преземете на следниот линк.

М.В