Компаративни системи низ светот за локални избори и Европската повелба за децентрализација
Република Македонија ја потпиша Европската повелба за локална самоуправа на 14 јуни 1996 и ја ратификува на 6 јуни 1997, без да направи какви било декларации при поднесување на инструментот за ратификација. Повелбата влезе во сила на 1 октомври 1997 година. Со оваа повелба се гарантира правото на граѓаните на локално ниво да учествуваат во управувањето со работите, самостојно да ги избираат своите претставници во локалната самоуправа и посредно преку своите претставници во телата на локалната самоуправа да одлучуваат за приоритетите и своите потреби.
Европската повелба за децентрализација на власта е документ на Советот на Европа, потпишана на 15 октомври 1985 година, која стапи во сила на 1 септември 1988 година, а нејзината цел е да се воспостават заеднички европски стандарди за мерење и заштита на правата на локалните власти кои се најблиску до граѓаните. Со тоа ќе им се даде можност на граѓаните за ефикасно партиципирање во донесувањето на одлуки кои се ефектуираат врз нивното секојдневно окружување. Оваа повелба ги обврзува членките да воведат основни правила кои ќе ја гарантираат политичката, административната и финансиската независност на локалните власти.
Република Македонија ја потпиша Европската повелба за локална самоуправа на 14 јуни 1996 и ја ратификува на 6 јуни 1997, без да направи какви било декларации при поднесување на инструментот за ратификација. Повелбата влезе во сила на 1 октомври 1997 година.
Со оваа повелба се гарантира правото на граѓаните на локално ниво да учествуваат во управувањето со работите, самостојно да ги избираат своите претставници во локалната самоуправа и посредно преку своите претставници во телата на локалната самоуправа да одлучуваат за приоритетите и своите потреби.
Во однос на работењето на оние општини со послаби капацитети, повелбата дава право на соработка со други локални самоуправи, меѓусебна соработка и извршување работи од заеднички интерес, како и правото претставниците на локалната самоуправа да членуваат во разни меѓународни и домашни асоцијации кои можат да бидат од интерес за нејзиното работење.
Што се однесува до изборот на претставници во локалната самоуправа, постојат повеќе модалитети низ светот кои се применуваат при спроведувањето на локалните избори.
Во Република Македонија, при изборот на членови на Советот на општината од 1996 година е прифатен Донтовиот метод за распределба на мандатите, користејќи го принципот на највисок просек, а и голем број земји низ светот го користат овој метод: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Полска, Луксембург, Португалија, Турција, Романија, Шкотска, Србија, Словенија, Шпанија (во Европа), Чиле, Колумбија, Парагвај, Уругвај, Бразил, Еквадор (Јужна Америка).
Како втор метод при изборот на непосредната локална самоуправа се јавува Сент-Лагиевиот метод, кој претставува начин на распределба на мандати во повеќепартиските избори во кој се пресметуваат просеци или количници. Овој метод е далеку понепопуларен низ светот и него го користат помал број држави како Ирак, Нов Зеланд, Шведска, Норвешка, Летонија итн.
Во Тајван, на пр., локалната самоуправа вклучува специјални општини (административни дивизии), окрузи, градови и градови контролирани од државата. Изборите се спроведувани од Централна изборна комисија, а правото на глас се стекнува со навршување на 20-годишна возраст.
Локалната самоуправа во Австралија е поделена на области и тоа: Нов Јужен Велс, Северна Територија, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија, Викторија и Западна Австралија. Австралиската главна територија во која спаѓа градот Сиднеј нема општини туку функционира како целина.
С. М.