Компјутерска опрема и за Апелациониот суд во Скопје
Среда, 22 мај 2013 – Апелациониот суд во Скопје денеска ќе се поднови со компјутерска опрема донирана од страна на турската владина Агенција за соработка и координација-ТИКА.
На свеченото предавање на донацијата ќе присуствува и министерот за правда Блерим Беџети.
Пред два дена ТИКА на Основниот суд-Гостивар му додели опрема вредна 30 илјади евра, која се состои од компјутери, печатачи и скенери.
Претходно донација на комјутерска опрема доби и Основниот суд во Тетово.