/ Прочитано:

1.720

Комплетната заштита на укажувачите е предизвик и за повеќето правни системи во Европа

Пред 6 години во Велика Британија, вработен бил малтретиран на работното место бидејќи бил укажувач. Анонимната личност, уште на почетокот од своето работење во приватната фирма, забележала неправилности во врска со финансиското работење на фирмата, како и тоа дека во фирмата постои злоупотреба на службената положба. Веднаш откако кај својот претпоставен ги пријавил неправилностите во работењето, вработениот почнал да се соочува со психичка тортура од страна на раководните луѓе во фирмата, а колегите целосно го отфрлиле.

Да се биде укажувач на работното место воопшто не е лесна работа. Според македонскиот Закон за заштита на укажувачите кој се применува од 2016 година, заштитеното пријавување е пријавување со кое се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес. 

Укажувач е лице кое има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува, кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата односно правното лице за каде пријавува, лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува, лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува, лице кои по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува и лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува.

На укажувачот и на нему блиско лице им се обезбедува заштита од било каков вид на повреда на право или штетно дејствие или опасност од настапување на штетни дејствија заради извршеното заштитено внатрешно и надворешно пријавување или заштитено јавно пријавување.

Во врска со ова прашање, пред 6 години во Велика Британија, вработен бил малтретиран на работното место бидејќи бил укажувач. Анонимната личност, уште на почетокот од своето работење во приватната фирма забележала неправилности во врска со финансиското работење на фирмата, како и тоа дека во фирмата постои злоупотреба на службената положба.  

Иако вработениот на почетокот мислел дека тоа е работата од неговите соништа, за кратко време се шокирал од тоа што, всушност, се случувало во таа компанија. На крајот, уверен дека неправилностите навистина ќе бидат откриени, вработениот решил случајот да го пријави кај својот претпоставен.

Но, ништо не се случило по пријавата. Веднаш му било кажано дека неговите тврдења се неосновани и измислени, така што случајот набрзо бил затворен.

Меѓутоа сѐ тука и не завршило. Кон него веднаш биле преземени построги мерки. Претпоставените психички се изживувале врз него, бил отфрлан од другите колеги, никој не зборувал со него и бил обвинет за недостојно однесување.

Вработениот целосно се разочарал и ја загубил вербата во луѓето, живеејќи со тој товар до денес.

„Доколку некој постојано го злоупотребува законот со кој треба да се штитат укажувачите, како некој воопшто ќе се осмели да пријави какво било кривично дело што ви се случува пред очи“, се прашува тој.

Советот на Европа во 2014 година ја усвоил препораката (2014) 7, во која укажува на значењето на заштита на укажувачите во Европа и утврдува дека во повеќе правни системи во Европа не постои комплетна заштита на укажувачите. Целта на препораката е да се овозможи нивна недвосмислена заштита според демократските принципи и заштита на јавниот интерес, како и да им послужи на владите на државите членки на Советот на Европа, граѓанското општество, граѓаните, регулаторните тела итн.

Во Германија ваков закон бил донесен во јули 2016, а сѐ дотогаш земјата се сметала за најлоша од групата Г-20 во однос на оваа проблематика. Исто така, и Франција како дел од ЕУ, сѐ до декември 2016, немала посебен закон кој се однесува на укажувачите во јавниот и во приватниот сектор.

За разлика од Европа, во САД уште во 1989 година е донесен Закон за заштита на укажувачите, потпишан од претседателот Џорџ Буш, кој во еден свој дел ја гарантира слободата на говор за вработените на работните места. Тие имаат право да пријават кај работодавачот или кај  лице овластено од него разумни сомнежи и докази за кршење на законите, правилата или прописите, злоупотреба на моќта или значителна или специфична опасност за јавното здравје и безбедност.

С. М.